Може ли кожата да биде сува и во лето?

summer skin summer skin

Кога размислуваме за сува кожа, најчесто ја поврзуваме со студените зимски месеци. Но, вистината е дека кожата може да се исуши и во текот на летото, па дури и да стане уште поосетлива.

Зошто се суши кожата во лето?

Иако влажноста во воздухот во текот на летото е повисока, повеќе фактори можат да доведат до нарушување на хидролипидната бариера на кожата:

  • Сончева изложеност: УВ-зраците предизвикуваат оштетување на заштитниот слој на кожата, што доведува до зголемено губење на влага и воспаление .
  • Климатизирани простории: Долготрајниот престој во простории со клима-уреди доведува до дехидратација на кожата поради сувиот воздух.
  • Капење во море или базен: Солта и хлорирана вода ја отстрануваат природната маст од површината на кожата, што води до чувство на затегнатост и лупење.
lgm preventing dry skin

Кои се симптомите на сува кожа во лето?

  • Чувство на затегнатост по капење
  • Грубост и лупење
  • Иритации и црвенило
  • Јасно видливи линии и дехидрирани области

Како да ја заштитиш кожата?

  • Користи лесни, но хидратантни креми со состојки како хијалуронска киселина, глицерин или церамиди.
  • Нанеси SPF секојдневно, дури и кога е облачно.
  • Пиј доволно течности, хидратацијата започнува одвнатре.
  • Избегнувај долго туширање, практикувај кратко туширање со млака вода.